„Општествените промени во глобалниот свет“ е конференција која опстојува 11 години на правниот факултет при УГД

Денес на правниот факултет при УГД во Штип се отвори јубилејната конференција именува како „Општествените промени во глобалниот свет“, која веќе 11 години опстојува по ред во универзитетот. Професорот на правен факултет во универзитетот Олга Кошевалиска истакна дека оваа година има над 100 учесници од повеќе земји, а главната тема е општествените промени во глобалниот свет која треба да ги покриое дигитализацијата, еколошките промени, модернизација на правото на политиките, но и да ги покрие делот за реформата за правното образование и потребата од клиничкото образование.

“Денес ја отвараме 11 по ред јубилејна конференција на правниот факултет при УГД во Штип, која што е со наслов „Општествените промени во глобалниот свет“. Нашата конференциоја традационално ја организираме со голем број на учесници, а оваа година имаме над 100 учесници од неколку земји вклучувајќи ја Македонија, Србија, Шведска, Италија, Албанија, Бугарија, Холандија и така натаму. Главната тема е да ги покрие целиот оној инпакт кој што го има. Дигитализација, еколошките промени и предизвици, модернизација на правото на политките и на новинарството, но и посебен панел за да го покрие делот за реформата за правното образование, потребата од клиничко образование.

Според судијата на врховниот суд Мирјана Лазарова Трајковска, во државата бавно и полека се учат лекциите од грешките, меѓутоа тоа се процесите и треба истите да поминат, а за истото потребно е време.

“Јас ќе зборувам за влијанието на европската конвенција за човековите права врз промените во македонското општество, бидејќи да зборуваме за општествени промени во било која земја. Ако не работиме на промени во делот на почитувањето на човековите права, бидејќи тие преставуваат темел и столб на демократизацијата на општеството, а влијанието на европската конвенција за човековите права и на праксата за европскиот суд за човековите права е видливо не само во постапките, меѓутоа и во работата на македонскиот парламент, македонските институции. Ние некако бавно, полека ги учиме лекциите од нашите грешки, меѓутоа тоа се процеси кој треба да се поминат за кој треба време.“, истакна

Покрај од македонија, учесниците од страна истакнаа дека се овде за да се испирираат колегите, но и адвокатите практично во државата за едукација.

„Тука дојдов да ги инспирирам моите колеги за едукација , бидејќи јас работам повеќе од 15 години на овој проблем, како да ги учиме адвокатите практично и да ги инспираме да помагаат на општеството за да направат промени во општеството и да бидат подршка за сите, не само за клиенти за пари туку и за луѓето кои имаат потреба“, додава Јулија

Инаку, целта на ваквиот настан е да има промени во делот на почитувањето на човековите права, бидејќи тие се темел на демократизацијата на општеството, додека влијанието на европската конвенција за почвековите права е видливо и во постапките, но и во работата на македонскиот парламент и институции во државата.

Лаура Стојанова, М-Нет