КУП: Арсими го доби Кожуф во атрактивен меч, Шкендија Арачиново го исфрли Работнички, фаворитите според планот!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Вчера се одиграа 12 од 15 натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, фаза која ќе се комплетиран на 2. октомври со одложените три натпревари.

Гледачите на телевизија М Нет можеа да го следат натпреварот меѓу Кожуф и Арсими кој се играше во Гевгелија и кој практично беше најнеизвесниот меч. Арсими со 1:2 славеше над Кожуф за следна фаза од Купот. Рамадани и Шефити беа стрелци за Арсими, а Грозданоски погоди за Кожуф.

Тренерот на Арсими, Вилдан Салиу во изјава за М Нет изјава дека Арсими од втор план сака да атакува до крај во Купот.

Овој меч практично ќе биде најава и за борбата на овие две екипи во Втората лига за освојување на местата кои водат кон Прва лига.

Најголемо изненадување приреди Шкендија Арачиново која со 2:0 славеше над прволигашот Работнички, практично третолигашот од Арачиново уште еднаш потврди дека во новата сезона сака пласман во Втора лига, а во Купот да стигне што подалеку.

Штипска Брегалница со 0:6 запиша победа во дуелот со дебитантот Слободен, во натпревар каде „сините“ на Трајче Сенев беа апсолутни фаворити во меч кој можевте да го следите на спортскиот канал М Нет Спорт. Абази постигнат три гола, два гола беа дело на Фејзулаи, а еден гол постигна Крстевски.

Старо новиот тренер Горан Здравков со победа дебитираше на клупата на Детонит Плачковица, откако со 0:1 славеше над Борец, Пелистер со минимални 0:1 го доби второлигашот Скопје, дебитантот Јени Малее загуби од тетовска Шкендија со 0:5, Карбинци беше поразен со 1:4 од прволигашот Силекс, Новаци со 0:2 беше поразен од Вардар, Охрид беше декласиран од Беса со 1:5, Слога Виница со 1:6 загуби од прволигашот Струга, Вардар Неготино беше поразен од Брера Струмица со 0:4, а пак Шкупи со 0:8 го декласираше третолигашот Џепчишти.

На 2. октомври Башкими ќе игра со Воска Спорт, Беласица против Македонија ЃП и Победа против Гостивар за комплетирање на првата фаза од Купот.

Александар Ванев, М-Нет