
Второлигашот Борец кој лошо ја отвори новата сезона направи тренерска промена по вчерашниот пораз во Купот на Македонија, откако во првата фаза веднаш беше елиминиран од радовишки Детонит Плачковица, откако радовишани со минимални 0:1 со голот на Оливер Христов славеа над Борец.
Љупчо Димитковски – Гањо е минато во Борец, а нов тренер кај велешката фудбалска гордост е Даниел Стојановски, кој минатата сезона го водеше третолигашот Куманово, меѓутоа не успеа преку баражот овој тим да се пласира во Втората лига.
Борец статистички е најлош во новата сезона во Втората лига со три порази од три натпревари без постигнат гол, а примени дури седум, од кои еден е автогол.
Во новата сезона целта на повратникот во Втората лига е да се обезбеди опстанокот, откако минатата сезона Борец како шампион во Трета лига – Југ го помина баражот и се избори за експресно враќање во Втората лига.
38-годишниот стратег своето деби на клупата на Борец ќе го има веќе в недела на мечот против Вардарски на домашен терен во обид Борец да дојде до први бодови.
Александар Ванев, М-Нет