
По две одиграни кола во Трета лига – Југ екипата на Венец од Долни Дисан која е нов член на Трета лига одлично ја отвори новата сезона.
Венец на стартот од сезоната има две од две со гол разлика од шест постигнат и и два примени погодоци и со максимални шест бодови на своето конто е на врвот од табелата.
Покрај тоа екипата на Венец го има и најдобриот стрелец, тоа е Петар Ристовски со четири постигнати погодоци.
Одличен старт во новата сезона има и Ултрас, исто така со максимални шест бодови или две од две победи и се наоѓа на второто место со гол разлика 5:2.
Следниот викенд во Трета лига – Југ ќе се одиграат натпревари од третото коло. Ултрас дома ќе игра против Превалец, Башкими 2008 против Бучин, Влазними Јуниор ќе игра со поранешниот второлигаш Росоман, Дреново ќе се соочи со Обршани, Питу Гули во Крушево ќе игра со лидерот и хитот Венец, а пак Голмо Коњари на домашен терен со Слога.
Александар Ванев, М-Нет