
Денес ќе биде комплетирано првото коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да проследат меч во живо.
Во 15:30 часот преку директен пренос ексклузивно само на М Нет телевизија ќе може да го следите мечот меѓу Ржаничино и Еуромилк ГЛ. Соочување на новиот третолигашот Ржаничино, кој преку бараж стигна до Трета лига – Север и на екипата на Еуромилк ГЛ која во минатото настапуваше и во Првата македонска фудаблска лига.
Колото беше отворено вчера со победата на Академија Илинден од 2:0 над Кадино, а денес се играат сите останати натпревари.
Александар Ванев, М-Нет