330 инфраструктурни проекти се аплицирани до моментот од страна на општините, денес повикот се затвора

Заклучно со вчерашниот ден, апликациите за проектите од преку 72 општини до моментот изнесуваат околу 330 на број, а во текот на денот се очекува да пристигнат уште апликации кои се испратени по пошта од останатите самоуправи, по кое ќе се затвори јавниот повик од страна на владата. Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна големо задоволство во однос на големиот интересот од страна на локалните самоуправи и вели дека нема да остане ниту една општина која нема да аплицира на овој јавен повик.

“Вчерашниот ден ги затворивме апликации од преку 72 општини со околу 330 предлог поректи, да почекаме да го затвориме и денешниот ден, ззатоа што имам информации дека одредени општини и локални самоуправи ги имаат испратено своите апликации по пошта и мислам дека е коректно да почекаме уште некој час во целост да го затвориме јавниот повик. Морам да изразам огромно задоволство, затоа што интересот беше навистина голем, практично и мислам дека нема да остане ниту една општина, која што нема да аплицира и ова само ни ја потврдува политиката на владата дека на локалните самоуправи им треба помош од централниот буџет.“, истакна Перински

По затворањето ќе следува 10 дневен рок во кој локалните самоуправи ќе ги доставуваат предлог проектите со пропратната документација, како одобрение за градба и план, а потоа започнува процесот на евалуација, додава Перински.

„Потоа следува 10 дневниот рок во кои локалните самоуправи треба да ги достават предлог проектите со онаа пропратна документација, како што се одобрение за градба и така натаму. Потоа почнува процесот на евалуација, така што ми нистерството формира евалуциони комисии, кои што треба да ги евалуираат предлог проектите во рамки на нивниот ресурс.“, додава Перински.

Со јавниот повик од страна на владата за аплицирање на капитални проекти од една страна не само ќе се подобрат условите за живот, од друга страна државата ќе има можност да изгледа модерно и современа со целата инфраструктура од страна на општините.

Лаура Стојанова, М-Нет-