На 5. октомври започнува новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија

Новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија ќе започне на 5. октомври со натпреварите од првото коло.

Во новата сезона бранител на титулата ќе биде МЗТ Скопје, додека пак нови две екипи кои ќе настапуваат во кошаркарската елита на Македонија се Куманово и Шкупи.

Новитет е тоа што кавадаречкиот клуб во новата сезона ќе настапува под друго име односно под името Тиквеш, откако општина Кавадарци ќе го превземе клубот со што клубот ќе биде во 100 процентна сопственост на општина Кавадарци.

Ждрепката посака во првото коло Тиквеш да се соочи со Пелистер, Вардар ќе игра против Гостивар, Работнички ќе стартува против Феникс, ТФТ против новиот прволигаш Куманово, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против новиот прволигаш Шкупи, додека пак Чаир ќе игра против Кожув.

„Вечното дерби“ на два лути ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се одигра во рамки на 3. коло, а првото „вечно дерби“ Работнички ќе го одигра како домаќин.

Александар Ванев, М-Нет