Две физички пресметки во Штип поради недоразбирања во сообраќајот

фото: архива

Две физички пресметки биле регистрирани во Штип поради недоразбирања во сообраќајот, првата била на  09.09.2024 во 17.30 часот во СВР Штип, М.М.(22) од Штип пријавил дека на 08.09.2024 околу 16.30 часот во Штип, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице физички го нападнало, а неколку други лица му упатиле закани, по што со тврди предмети му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Втората физичка пресметка се случила во текот на вчерашниот ден, односно на 11.09.2024 во 17.59 во СВР Штип, Р.С.(50) од Штип пријавил дека околу 17.00 часот во Штип, по претходна расправија околу паркирање на возило, бил физички нападнат од негов сосед. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.