Зголемен бројот на крводарувања во Штип во јули и август споредбено со истиот период лани

Желба и малку време е потребно за да с ебиде хуман и да се дарува крв. Овој период од годината има најмалку крводарители бидејќи се годишни одмори. Но споредбено со претходниот јули и август, оваа година бројот на крвни единици во Штип е зголемен. Бројките покажуваат дека лани во јули имало околу 220 крводарувања, а годинава повеќе од 290. Доктор Мери Шорова вели дека со ова се задоволени потребите и на КБ Штип, но и на здравствените установи од регионот.

„За да се биде крводарител потребна е желба и мал дел од вашето време. За целиот процес на крводарување ви требаат 10-15 минути, дарувате 450 милилитри на крв и морам да напоменам дека за 24 часа се надоместува течниот дел од крвата тоа е плазмата, а за крвните елементи ни се потребни неколку недели. Единтсвено железото е тоа што за кое се потребни три до четири месеци. Токму затоа жените можат да даруваат крв на секој четири месеци, а мажите на три месеци.“ – вели Шорова.

Нема несакани последици после крводарување, вели Шорова и додава дека најголем дел од крводарителите имаат позитовни ефекти. Токму затоа препорачува секој кој е во можност да биде хуман и да дарува крв.

„После дарување крв најголем дел од крводарителите не чувствуваат никакви потешкотии и се чувствуваат дури подобро, кај мал дел од крводарителите има несакани појави како гадење, малаксаност и слично. За среќа изминатиот летен период ги одржувавме резервите со крв и крвни компоненти на едно солидно ниво.“ – вели Шорова.

Крводарителите велат дека за нив преставува предност што имаат можност да бидатхумани и пред се да спасат човечки живот. На трансфузиона медицина во Штип крв се дарува секој работен ден па токму затоа има крводарители и од градовите од регионот.

Во месец септември се закажани три крводарителски акции. Првата е на 19 септември, на 24 септември во градската црква Свети Никола ќе даруваат свештените лица и последната за овој месец е планирано да се реалзиира на 27 септември.

Лаура Стојанова М-Нет