
“Денес е строг пост и не се јаде црвено” е народната изрека која се практикува на дело ден денес. Но, колку тоа е правилно и дали има значење разговаравме со свештеникот Димитар Арсовски, кој истака дека ваквото верување не е познато во православната црква, но според него ваковото практикување не е грешно, туку само додаток за покажувањето полит и жалост кон Крстителот Јован.
“Поради жаност светата православна црква определила овој празник да биде. Имено во источна Македонија во повеќето краеви постои една практика, која што за волја на православната црква не и е позната, а тоа дека луѓето имајки голема почит, сакајки да покажат жалост за направеното злодело на светителот, на овој ден не јадат црвено. Ова не е правило, туку дошло само по себе, а исто така се пракитука и верувањето да не се користи секири и остри предмети.“, истакна Атанасовски
Многу поважно е верниците да се воздржат од своите страсти, лоши мисли и дела, а потоа останува храната, како додатен елемент по кој ќе се негува духот понатаму
“Обично ние го слушаме гласот на светите отци и гласот на црквата. Овој обичај не е познат за православната црква и како таков не е нешто лошо, но пред се треба да бидеме свесни дека постот и воздржувањето од храна не е од првобитност за нас христијаните, бидејќи поголема е вистинската важност да го имаме духовниот пост, односно воздржувањето од телесните страсти, лоши помисли.“, додава Атанасовски
Инаку, според православната црква, денешниот празник се одредува како тежок, поради самата неправда која се случила на Прокорок, претеча и Крстител Јован, кој е значаен за крштевањето на Исус Христос.
Лаура Стојанова, М-Нет