Започнаа подготовките на штипските пензионер за меѓународниот фестивал во Бугарија

Пензонерите од Штип започнаа со подготовките за меѓународниот фестивал во Република Бугарија, посочи претседателот на ЗП Штип Ристе Нетков. Пензионерите на 12 септември ќе заминат на генерална проба во здружението на пензионери Велес.

„Веќе на 12 септември ќе заминеме во здружението на пензионери во Велес, каде ќе се претстави нашата фолклорно уметничка група со одржување на една генерална проба пред меѓународниот фестивал во Република Бугарија.“ – изјави Нетков

Како што посочиа пробите се одвиваат континурано, во просториите на здружението, а играорната група пробите ги одржува во домот на културата.

„Пробите за припремата ги одржуваме континуриано, учесниците вежбаат во просториите на нашето здружение, а играорната група вежба во домот на културата бидејќи таму има подобри услови за ова активност. Ова година е малку по конбинирано ќе се претствиме и со музичка и играорна група, така да тоа ќе биде еден сплет на настани, културата и играорниот фолклор.“ – додава Нетков

Годинава ЗП Штип на меѓународниот фестивал во Република Бугарија ќе се претстави конбинирано, со играорна и музичка група. Еден сплет на настани од културата и играорната презентирано од страна на штипските пензионери.

Лаура Стојанова, М-Нет