Емил Грнев нов тренер на Слога Виница!

Третолигашот Слога од Виница го именуваше Емил Грнев за нов шеф на стручниот штаб, во сезона во која некогашниот второлигаш важи за главен кандидат за освојување на првото место и баражот за Втора лига. Помошник на Грнев ќе му биде Бошко Ступиќ.

Грнев доаѓа на местото на Крсте Крстев.

Клубот му се заблагодари на Крстев за досегашната соработка, посакувајќи му успех во понатамошната тренерска кариера.

Слога Виница во новата сезона влегува со една цел, а тоа е обезбедување на баражот за пласман во Втората лига.

Во рамки на првото воведно коло Слога Виница ќе гостува во Берово кај Малеш.

Александар Ванев, М-Нет