
Солта е неопходен зачин кој секојдневно го внесуваме во исхраната. Но понекогаш треба да бидеме внимателни при количинското внесување сол во огразнимот бидејќи доаѓа до несакани ефекти. Нормална количина на внес на сол е два грама на ден или една мала лажичка рамна. Докторката Валентина Митрова за М-нет телевизија ги сподели последиците и несаканите ефекти на корисистењето сол доколку де надмине предвидената количина.
„Дозволено количетво кое што треба да го внесуваме во нашиот организам е околку два грама на ден., тоа значи една мала лажичка рамна. На друг начин ја внесуваме односно преку сувомесни значи на друг начин во нашата исхрана. Ако се надмине оваа количина може да имаме краткорочни несакајни дејства како што се отекување на рацете, нозете, очните капаци , зголемување на телесната тежина, зголемување на жед и сувост на нашата уста. Ако ова се надмине ако поминеме подолг период кога внесуваме поголемо количество доаѓа и до други последици како појава на камчиња во бубрезите, зголемување на крвниот пристисок, или медицисни хипертензија“ вели Митрова
Луѓето ки веќе се дијагностицирани со пкачен крвен пристиок трема многу да внимаваат при внесување на сол, за нив дозволена количина е околку еден ипол грам на ден.
„Луѓето кои што веќе имаат дијагностицирано покачен крвен пртисок треба да внимаваат на внесувањето на количеството сол во својата исхрана и претходно кажаната нормална вредност која што кажав дека е околку два грама. Кај овие луѓе е помала некаде околку еден ипол грам на ден.„ посочи Митрова
Пресметано е дека на организмот му се потребни до два грама сол на ден, а ние во просек консумираме, дури и до 11 грама на ден. Меѓутоа телото може да се навикне на намалено внесување сол и се верува дека приспособувањето на намаленото внесување сол за половина од нормалното трае од два до три месеци.
Лаура Стојанова, М-Нет