
По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига екипата на Кожуф го има најефикасниот напад со постигнат девет погодоци. Покрај тоа Кожуф го има и најдобриот стрелец по три одиграни кола тоа е Дарко Гроздановски со шест постигнати погодоци.
Најдобра одбрана има екипата на Македонија ЃП, „лавовите“ примија само еден погодок на три одиграни натпревари, во Куманово од Башкими.
Екипата на Борец од овие сегменти е на дното, велешани по три кола немаат се’ уште постигнато погодок, а примиле дури седум заедно со Охрид, Осогово и Беласица, па овие екипи имаат примено најмногу погодоци на стартот од новата сезона.
Македонија ЃП и Брегалница имаат максимални девет бодови, а Борец засега е единствен без освоен бод по три кола.
Пред второлигашите има екстра пауза, покрај репрезентативната пауза, четвртото и петтото коло се поместени поради настап на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија, за што веќе информираше телевизија М Нет. Ваквата долга пауза повеќе од јасно е дека ќе биде искористена за одигрување на пријателски натпревари со цел одржување на формата пред продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет