Павел Иванов е новиот претседател на ОО СДСМ Штип

Павел Иванов е новиот претседател на ОО СДСМ Штип. Денес Јане Милнанов досегашниот претседател го предаде своет раководство на Павел Иванов. Јане Миланов беше претседател на ОО СДСМ Штип од 14 март 2022 година.

ОО СДСМ упатува успешна и плодна работа, мудри одлуки и големи победи на новиот претседател.

„Заедно со претседателот Венко Филипче и целокупното членство следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација.

СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок.„ – велат од ОО СДСМ Штип

Лаура Стојанова, М-Нет