
По повод изградбата на новата црква посветена на Св. Димирија во селото Таринци од општината Карбици, денес во посета беше градоначалникот на општината Виктор Паунов со митрополитот брегалнички Иларион. Продолжуваме со доградбата на црквата и се надеваме дека набрзу ќе се освети на која што ќе доаѓаат верниците за ги извршуваат своите верски потреби, истака митрополитот и додава дека во овој храм ќе има многу венчавки и крштевки.
“Нека е честит и благословен денот, еве со Божја помош, по молитвите на Св. Димитри на кого се посветува црквата , продолжува да се доградува црквата и се надеваме дека набрзу ќе се изгради и ќе се освети оваа црква, за да биде ова светилиште во потреба на нашиот верен народ. Ќе има храм осветен на кој што ќе доаѓаат да си ги обавуваат своите верски потреби, на богослужба, на света литургија, а исто храмот ќе остане место каде што ќе ги благословува и осветува луѓето со што ги соединува со господа, преку пречестата и се надеваме дека и во овој крај ќе има и многу крштевки и венчавки“, истака митрополитот Иларион
Денес е голем ден, затоа што се продолжува онаму каде што се застана пред повеќе од 15 години, истакна Паунов и вели дека ова за село Таринци храмот означува нов почеток
“Денес за нас е голем ден, затоа што започнуваме онаму каде што застанало пред 15 сетина година и повеќе. Ова за нас значи нов почеток за изградба на овој храм. Село Таринци ќе добие очекувам, доколку нормлано се одвиваат работите, да селото добие црква, еден храм каде што ние верниците ќе имаме можност да го посетиме и да ги обавуваме нашите верски потреби.“, додава Паунов
За селаните ова означува многу повеќе, едногласно тие се среќи поради фактот дека ќе имаат поголем храм во кои тие ќе имаат венчавки, кршетвки, но и собири.
“Има се јавено на баба Јана, ама она сега е почината, ја одржуваат нејзината фамилија, ќерка, снаи, кога имаат слава и они ја одржуваат.”, додаваат граѓаните
“Ова значи убава работа, секаде има цркви, само тука немаше. Убаво е да даде Господ да си начекаме и венчавање и кршетевање, тука да има во овој нов храм”, додаваат жителите
“Се што се направи е убаво, за нашето село“, велат жителите
“Како не е добро, добро е, ваков потег на градоначалникот му е добар.”, истакнаа жителите
Инаку, до сега во селото имаше само мала црква, посветена на Св. Димитрија, која е веднаш до новата црква. Местото е означено како свето, откаако преку сон на така наречената баба Јана и било прикажано дека на ова место треба да се гради црква за селото.
Лаура Стојанова, М-Нет