Студентите денес и утре може да се запишуваат на вториот уписен рок на УГД Штип

Денес петти и утре шести септември, Универзитето Гоце Делчев од Штип го спроведува вторниот уписен рок за студентската 2024-2025 година. Споредбено со првиот уписен рок, бројката е задоволувачка, а со следните два се очекува истата да биде голема. Документите на кандидатите кои што се пријавени во системот се обработуваат и се подготвуваат за следната фаза за обработка на индески, по кое што ќе следува првиот академски час, истакна проректорт на универзитетот Мишко Џидров за М-нет телевизија.

“Денес и утре, односно петти и шести септември УГД го организира вториот уписен рок и во овие два дена ги оекуваме кандидатите кои што го отвориле нашиот сајд, ги виделе нашите студиски програми и се препознале и сакаат да станат дел од УГД како наши студенти во студиската 2024-2025 година. Првиот уписен рок е позади нас, а имаме пријавено кантидати кои што во нашиот систем се обработуваат и се подготвуваат за следната фаза, обрботка на индекси, подготовка и поканување на првиот академски час на први октомври. Вториот уписен рок сеуште е рано да се зборува, нели како ќе биде интересот, можеме да кажеме дека сме на средина со уписниот период“, додава Џидров

Покрај програмата за нашите студенти, оваа година е збогатена и програмата за студентите од странство на англиски јазик со програма за правен факултет, информатика, економски факултет, како и факултетие за ументност.

“Како и секоја година постои интерес за запишување на студиските програми. Оваа година имаме и нова студиска програма на англиски јазик, која што покрај студиската програма на општа медицина, имаме студиска програма и на правен факултет, факултет информатика. Имаме студиска програма и на економскиот факултет, како и уметностите кои што ги нудиме на странските студенти.“, истакна Џидров

Инаку, првиото уписен рок се одвиваше во период 20 до 23 август, студентите претходно треба да асе пријават на електронската апликација и да формираат свое студентско досие, а потребните документи ги доставаат во универзтетот. Според досегашните бројки интересот е најголем за медицинскио факултет, а тоа е податок кој се потврдува и во годините на назад.

Лаура Стојанова, М-Нет