Пет компании донираа за Брзата помош во Штип, со 110 000 денари е обновен инвентарот

Со нов инвентар е опремена брзата помош во Штип. Станува збор за инвентар кој е набавен со помош на донации од страна на општествено одговрни компании, кои изминатиот период донирале финансиски средства кои се искористени за уредување на брзата помош. Началникот на Брзата помош Штип, вели дека ваквиот гест е од големо значење, бидејќи се подобруваат условите за работа на персоналот, но и услугите кои ги добиваат пациентите.

„Во изминатиот период пет опшествено одговоорни компании на територија на Штип, донираа финансиски средства за Брзата помош. Станува збор за донации вредни 110 000 денари. Со тие средства ние го обновивме инвентарот на Брзата помош, ги подобривме условите и за пациентите и за вработените.“ – велат од Брзата помош.

Здравствениот дом Панче Карагозов, во чии рамки е и Брзата помош преку благодарници им се заблагодари на компаниите кои донираа финансиски средства.

На Итната помош во Штип недостасува кадар. Таму има четири доктори,12 медицински сестри и девет возачи. Овие бројки се далеку од доволно, но новиот директор со преземањето на директорската функција посочи дека приоритет е вработувањето на нов медицински и немедицински кадар со цел да се задоволат потребите на пациентите од Штип но и регионот, бидејќи амбулантски и домашни прегледи има постојано, најмнги за викенди и празници.

Лаура Стојанова М-Нет