Се поставува платото на кое е предвидено поставување на типските куќи за сместување на 40 семејства во Штип

Започнато е поставување на платото на кое ќе се постават типските кукќи во населбата Света Недела близу Мирјанина црква. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека ова е проект кој што повеќе од десет години комуницира во јавноста. Моментално се изведуваат активности за бетонирање на платото, а потоа ќе следува и поставување на инфраструктура на типските објекти. Во ови куќи ќе бидат сместени околу 40 семејства. Проектот за изградба на типските куќи е финансиран со средства од европската унија во износ од 600 илјади евра.

„Паралелно на ова се работи на платото каде што треба да бидат поставени типските куќи. Проект кој што повеќе од десет години се комуницира во јавност, веќе се изведуваат активности за бетонирање на платотот и поставување на инфраструктура на овие типски објекти кои што се некаде околу 40 на број. Очекувам до крајот на годината истите да бидат поставени. “ – изјави Јорданов

Изградбата на типските куќи во Штип е проект соогласно кој кров над глава треба да добијат 40 бездомни семејства. Овде пред се ќе се сместат граѓаните кои живеат во старото нервно одделение, а чиј објекти треба да бидат срушени заради реализација на проектот изградбата на булевар Партизанска. Инаку проектот за изградба на типски куќи се реализираше заеднички во Општините Штип и Берово. Општина Берово веќе ги има изградено куќите, а се работи на уредување на просторот околу нив.

Лаура Стојанова, М-Нет