Георгиев се врати со два медали од Србија, Наумова со 4. место на „Делфин Опен“ во Охридското Езеро

Големи успеси за штипските пливачи Методи Георгиев и Ивона Наумова изминатиот викенд.

Георгиев на Меѓународниот пливачки митинг „4. Куп Пожаревац“ во Србија освои два медали. Сребрен медал во дисциплината Слободно на 50 метри и брозен медал на 100 метри делфин.

Голем успех и за Наумова која успешно исплива 5000 метри на Охридското Езеро, со што го освои високото четврто место на трка во Далечинско пливање „Делфин Опен 2024“ на 5 километри.

Големи успеси за младите пливачи од Штип, кои и во следниот период ќе продолжат со настапи на домашни и меѓународни натпревари.

Александар Ванев, М-Нет