
Курс по англиски јазик, математика, физика, роботика. Со почеткот на учебната година почнуваат со работа и приватните курсеви на кои се запишуваат дечињата.
Овие курсеви позитивно влијаат врз стекнувањето на навики и стекнување на нови знаења велат анкетираните на М-Нет телевизија. Согласни дека секое ново знаење е дополниелно и не претставува вишок. За дечињата да посетуваат приватни курсеви велат и дека е важна финансиската состојба на самото семејство, колку ќе чини еден курс и дали би можело детето да се запише и да го посетува.
Па видете сега приватните курсеви зависат од финансиите на родителите за приватни курсеви. Па добро е за јазик за било што добро е за децата е добро. Па зависи колку може колку му се финансиите и дали може воопшто да го запише детето, ако може е добро. Да пожелно е тоа е дополнителна настава на која треба децата дополнително да се едуцират подолго време отколку што се основното училиште, тоа е ограничено време. Па зошто да не, може да одат, тоа е добро. Па сигурно дека е корисно може.“ -велат граѓаните.
Одлука на родителите е дали ќе ги запишат учениците на приватни курсеви или не, вели Роберт Аџипетров, од одделението за образование при Општина Штип. Сепак додава дека и во училиштата можат да научат бидејќи образовниот процес го нуди тоа.
„Пријавувањето на приватни курсеви без разлика дали е по странски јазици или природни науки е првао на родителите, но сакам да напоменам дека фактот дека во училиште имаат нешто слично е можност која нашиот воспитно образоваен систем го нуди, државните пари се орентирани кон тоа да на учениците им се овозможи подобар пристап за знаење во училиштата.“ – вели Аџипетров.
Најчесто децата посетуваат курсеви за јазици, англиски, германски, италијански и друг јазик кој е по избор на самото дете, но има и деца каде се јавува заинтересираност и помош при учење во приодните науки, математика, физика, хемија и биологија. Во просек месечно плаќање за едно дете при посета на приватен курс се плаќа минимална цена од 1000 денари.
Лаура Стојанова М-Нет