Заврши забраната за движење на тешки товарни возила на државните патишта во Македонија

Денес заврши забраната за движење на тешки товрани возила на дежавните патишта, возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите на викенд и екстремно високи температури.

Авто мото сојуз на Македонја известуваат и апелираат на внимателно управување со возилата на патиштата низ котлините, речните долини и клисури поради можност за одрони.

Отаму препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците во државата вклучувајки ја и делницата Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Инаку забраната за движење на тешки товарни возила започна на 1 јули и трае до денес 31 август.

Истакнаа дека забраната за движење на тешки товарни возила се однесува до 31 август на државните патишта во Македонија со вовден летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Лаура Стојанова, М-Нет