Празни куќи и штали е сликата во Сарчиево, идентична е ситуацијата и во Селце

Без продавница, фамилија со седум, осум деца, чист воздух и двор полн со стока била сликата во далечната 1963 година во село Сарчиево вели Димче Тасев, кој е еден од осумте жители кои живеат во село Сарчиево. Сега празни куки, празни штали, нема ниту луѓе, ниту стока, сите се ислени далеку во градот, а многу ретко доаѓаат и ги посетуваат своите некогашни живеалишта, зад срушените куќи секојдневно се гледа утринскиот зрак на сонцето но и убавината на Сарчиево вели Тасев.

„Во Сарчиево во секоја фамилија по седум осум деца, тоа некаде било докај 1963 година, потоа почнаа да се иселуваат кој во населба Баби, кој во Три Чешми, кој во дузлак кој во Штип и моменатлно сега има седум до осум жители кои се овде постојано, другото е се иселено.“ – изјави Тасев

Животот на селото оживува за време на викенд кога неколку миа доваѓаат и го посетуваат своето лозјe. Димче Таев посочи дека во Сарчиево никогаш до сега не е имало продавница па се снаоѓале и заминувале во сесодното село Врсаково јаде имало две продавници за да си земат основни производи и да поминат ден за ден.

„Па сабота и недела се тука кој има лозје, а стока чуваме само ние што сме овде. Нема ни превоз, ниту пак продавница, ако си донесеш ќе јадеш и пиеш, ако не нема.Тука никој пат не е имало продавници, имаше во соседното село Врсаково, таму имаше две продавници, имаше и народ и продавници. Од 2002 згасна се што имаше таму. За вода нема за што да се поплакаме, вода имаме во избоилство, во секоја куќа има бушотини, бунари до 43 метра, не е проблем за вода.“- додава Тасев

Таква е ситуација и со село Селце каде живеат околу шест луѓе, тежок живот без коли, без продавници, но сега е подруго време кога имаме коли па често заминуваме до градот и не толку проблем.

2Колку живеат околу шест луѓе. Па за градот немат коли одат во градот. Вода имаме само од чешма, водовод немаме, струја има, ама со струјата проблем е малку панели, но нема струја. Па и тогаш е било тешко, не е било лесно, сега малку е полесно имаат возила, не е толку шпроблем, само треба да се работи, ако не се работи ништо од тоа.“ – додава Зафиров

Село Сарчиево е рамничарско место кое се наоѓа во блзина во средното сливно подрачје на релата Брегалница, на надморска височина од 335 метри. Селото е оддалечено 15 километри од општина Штип и се наоѓа во крајниот северен дел на Штип, а пак село Селце се наоѓа исто така 15 км од градот Штип, на патот Штип – Радовиш.

Лаура Стојанова, М-Нет