
На 31 август на плоштадот „Слобода“ во Штип со почеток од 20ч. ќе се одржи двомеч помеѓу боречкиот клуб Олимпија Штип и боречкиот клуб Олимпикис од Р. Грција . На овој двомеч ќе настапат околу 10 тина борачи од градот и 10 од Грција и се надеваме дека истиот ќе биде повод за други нови, истака Петар Тодев за М-нет телевизија.
„На 31.08 во сабота од 20ч. ќе се оддржи двомеч помеѓу боречкиот клуб Олимпија и боречкиот клуб Олимпикис од Грција Волос. Ќе настапат околу 10 тина борачи од Штип и 10 тина борачи од Грција со вкупно 10 борби и се надеваме дека ова ќе биде само прв двомеч кои што ќе наговести нови двомечи во иднина, само треба да се определи точен временски период за да се договорат екипите од странство“, вели Тодев
Ваквите настани се знак за добра соработка со клубовите како од регионот, така и за надвор од границите, додава Тодев
“Ова е само за знак дека имаме добра соработка со клубови од регионот и надвор од границите на Македонија, но сепак се работи за клубови со квалитет со кои што ќе допринесат во тестирањето на борачите, нивната спремност, подготвителност, а исто така ќе можат граѓаните Штип да видат борење на градскиот плоштад, борење меѓу два клуба. Се надеваме дека ќе ги имае потврдите од клубовите од Бугарија, Грција, Албанја, Романија и сл.“, истакна Тодев
Инаку, во зависност од временските услови, ваквите настани се организираат под отворено, но доколку истите се во зимен период се во сала. Во иднина исто така се планирани за соработка и со другите клубови од странство како Албанија, Романија и Бугарија.
Лаура Стојанова, М-Нет