
Почеток на учебната година, подготовка на зимници, подготовка за новата грејна сезона – септември за граѓаните во Штип дефинитивно е најскапиот месец во година. Се купува училишен прибор, облека за учениците, студентите мора да платат за почетокот на студиската година. Дополнително се купува пипер за ајвар, граѓанитре се подготвуваат за следната грејна сезона. Некој купува дрва, друг штеди пари за струја, ама сите едногласни дека септември тешко се преживува. Јануари е најдолг месец во годината, ама септември останува најскап.
„ Најскап месец е овој, учебници на децата, облека, зимница. Тешко е, многу тешко, цените се многу високи, плати и пензии мали. И јануари и септември се тешки месеци.“ – велат граѓани.
Скапо е бидејќи примањата се ниски, велат анкетираните граѓани. Ако платите и пензиите се повисоки во тој случај родителите и младите многу полесно ќе може да го поминат месецот. Повозрасните се децидни дека мора да помагаат со цел и учениците да бидат подготвени за училиште, да се подготви зимница, но и да се направи подготовка за новата грејна сезона.
Лаура Стојанова, М-нет