Нов протест на пензионерите на Македонија, бараат оставка од претседателката на сојузот на здружението

На 3-ти септември во град Скопје ќе се оддржи нов протест под мотото оставка на претседателката за сојуз да здружение на пезионерите на Македонија. Протестот ќе се оддржи во 11 часот, а се повикуваат сите заинтересирани кои го поддржуваат линеарното покачување на пензиите, истакна претседателот на достоинствени пензионери Штип, Трајче Митев за М-нет телевизија.

“До сите пензионери на Општина Штип. Истите ги повикуваме кои го поддржуваат линеарното покачување на пензиите и се поддржувачи на Здружение на пензионери за достоен живот, кој е нов сегмент во нашето живеење во Штип , да се пријават и присуствуваат на протестот во Скопје на 3 ти септември 2024 година во 11 часот“, истакна Митев

Пријавувањето ќе се изврши во просториите на здружението на пензионери Штип, каде имаат задолжено лице за заинтересираните да можат да се пријават, а поаѓањето на трети септември ќе биде во девет часот пред новата пошта, додава Митев

„Мототo на протестот е оставка на претседателката на сојузот на здружението на пензионери на Македонија. Таа и целиот сојуз работат против интересите на пензионерите на Република Македонија. За целото ова ќе бидат информирани и граѓаните и пензионерите кои го поддржуваат овој протест, каде во просториите на пензионерите во Штип има задолжително лице, кај кој треба да се пријават. Тргнувањето ќе биде во девет часот, пред новата пошта Штип“

Главните барања на пензинерите главно се акцентираат на линеарното покачување на пензиите и тоа до 20 000 денари за минималната пензија, како и промена на методологијата за покачувањето на истите. Покрај тоа, тие се уште се незадоволни од септемвриското процентуално покачување од шест отсто.

Лаура Стојанова, М-нет