Интересот задоволителен за запишување на дечињата во основното музичко училиште во Штип, уписот во тек

Интересот задоволителен иако не е задолжително основното музичко училиште вели директотот на ДМУЦ„Сергеј Михајлов“ Штип Горан Кавраков, кој за М-Нет телевизија посочи дека уписниот рок во основното музичко образование ќе трае до 31 август, а започнат е на 1 април годинава.

„Уписниот рок во основно музичко образование се уште трае започнат е од први април оваа годин а и трае до 31 август. Интересот е задоволителен, но сега работиме напорно. Нашите колеги и наставници се пуштени по сите основни училишта со презентации со лепење на плакати, со промоција на училиштето. Знате дека ова е незадолжително основно училиште, меѓутоа многу зависи и кај нас во нашата работа во распределбата на часови, многу зависиме од тие дечиња.“ – изјави Кавраков

Интересот кај новозапишаните дечиниња во музичкото училиште се јавува кај дувачката класа, но и кај сакасафон, гитара, хармоника и слично. Паралено на тоа сите дечиња кои сакаат да изучуваат основно музичко училиште освен изучување на инструменти, тие изучуваат и теорија на музика и солфеш од страна на професорите во училиштето.

„Па интересот зависи од тоа кое одделение е самото дете. Конкретно дувачка класа е најзаинтересирани дечиња, сексафон, гитара, народни инструменти, хармоики, буквално од сите инструменти може да кункурираат и да изучуваат. Паралелно секако не само инструменти изучуваат и теорија на музика и солфеш кај професорирте во основно музичко образование.“ – додава Кавраков

Квалитеден кадар нуди музичкото училиште, а директорот ја користи оваа прилика да ги покани сите заинтересирани родители да повелат во просториите на училиштето секој работен ден од 08 до 12 часот и на телефонските броеви кои се објавени на социјалните мрежи,

„Располагаме со квалитетен кадар, ја имам можноста да ги поканам сите родители кои се заинтересирани нивните дечиња да изучуваат музика која е многу важна во развојот на самото дете да повелат во нашите простории секој ден од 8 до 12 часот и на телефонските броеви кои се споделени на социјалните мрежи. Ги знаете сите наши активнисти, родителите се запознати со активностите преку целата година со нашата агенда со што го промовираме училиштето, но и со самото тоа дозволуваме самите ученици да постигнат поголем напредок во уметноста, можат да бираат инструмент во зависност од одделенијата, дали ќе изучуват шест или девет годишно обрзование.

Инаку сите родители се запознаени со активностите и и агендата, а со тоа и промовирање на училиштето. На дечињата им се овозможува и напредок во уметноста, а изборот за изучување на основно музичко училиште е индивидуален.

Лаура Стојанова, М-Нет