Денес во ЖИВО на М Нет: Башкими – Македонија ЃП, од 16 часот

Денес ќе се комплетира 2. коло од Втората македонска фудбалска лига со мечот меѓу Башкими и Македонија ЃП, кој се игра во Куманово, а кој ексклузивно само на телевизија М Нет ќе може да го проследите преку директен пренос од 16 часот.

„Лавовите“ од Ѓорче лани испаднаа од Прва лига, а сега важат за први фаворити за враќање во фудбалската елита, од друга страна и Башкими пројавува амбиции за место во Првата лига, па така трите бодови ќе бидат силен императив, откако и двете екипи тргнаа со победи во новата сезона.

Натпреварот ќе биде повеќе од неизвесен и атрактивен за следење, а на истиот главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Марио Мојсоски од Струга, а пак четврт судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид.

Делегат на мечот ќе биде Зоран Јовановиќ од Валандово, а контролор Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија.

Пренос од средбата Башкими – Македонија ЃП само на телевизија М Нет ќе започне во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет