
Нова опасност за возачите на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево по денешните одрони кој се нанесоа кај село Истибања. Одрони има и на други делови од источниот регион и тоа Делчево-Пехчево, Берово-Виница, патниот правец спрема спортскиот центар Пониква и патот спрема рудникот Саса, истакна раководителот на Македонија пат Влатко Цоневски за М-нет телевизија.
“Одрони има на патниот пат село Истибања, патен правец Делчево. Делчево-Пехчево исто, Берово-Виница и патниот правец кој води спрема пониква, спортскиот центар спрема пониква, но и патот кој води спрема рудникот Саса. Одроните се чистат редовно, ама лошото е што паѓаат редовн, затоа најдобро е возачоте да пазат и да ја спазуваат сигнализацијата и да се придржуват на условите на патот.“, истакна Цоневски
Одроните се делумно мали, ама најкритично е како и вообичаено на патниот правец Кочани- Македонска Каменица, кај селото Истибања со што се апелира на внимателност со намалена брзина и прикочување на овој дел од патот.
“Нема, овој пат немавме поголеми одрони, беа ситни одрони, ама најкритично е како и секогаш село Истибања-Делчево т.е Македонска Каменица- Делчево и препорачуваме најпретпразливо возење.“, вели Цоневски
Ова не е единствен пат за одронување на овој патен правец со што екипите на Македонија пат се постојано на терен за да ги одстрануваат одроните. Инаку, во моментот дождот во Пијанечко-Малешевскиот предел е престанат, но во одредени делови на патот се вози по влажни коловози
Лаура Стојанова, М-Нет