Минималните месечни трошоци зголемени за 629 денари споредбено со јули, цените вртоглаво растат

Минималните месечни трошоци во август споредбено со месец јули зголемени за 629 денари објави Сојузот на синдикати. Вредноста на миниманималната кошница за месец август изнесува 61,199 денари.

Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани.„ –  велат од ССМ

Измерена е инфлација во јули од три проценти на годишно ниво од страна на ДЗС. Граѓаните велат дека со минимални месечни примања на две лица во семејството не може да се оствари приход од 61.199 денари. На тој начин тешко сврзуваат крај со крај. Штипјани децидни дека многу е скапо, а во вакви услови нтиту пензиитем, нити платите стасуваат.

Лаура Стојанова, М-Нет