
Овој викенд започнува новата сезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од првото воведно коло.
Веднаш на стартот од сезоната ќе има и дерби во Струга меѓу екипите на Ас Јунајтед и Тиверија Брера. Стружанки во своите редови ја имаат Улза Максути кој е најдобар стрелец, а од друга страна Тиверија Брера по влезот странците и промовирањето на странските засилувања, враќањето на репрезентативката Пале Николовска и најавените амбиции на струмичкиот тим за борба за титула и излез во Европа го прави овој меч повеќе од атрактивен и неизвесен, а со тоа истиот ќе биде и дерби на колото.
Повратникот во елитата екипата на Атлетико на домашен терен во Битола ќе се соочи со шампионот Љуботен, во меч каде гостинот од Тетово ќе ја има фаворитската улога, а повратникот ќе се потпира на домашниот терен и домашната публика во обид да направи изненадување против Љуботен, кој лани покрај шампионската титула го освои и Купот на Македонија, а сега од Битола ја започнува одбраната на титулата.
Скопје на домашен терен сезоната ја отвара против Истатов во меч каде фаворит ќе биде домашниот тим, а пак Шкендија сезоната ја започнува на домашен терен против Топ Гол, екипа која преку баражот се избори за оптанок во елитата, откако во баражот славеше над второлигашот Вардар.
Вицешампионот Каменица Саса сезоната ја започнува на домашен терен во Македонска Каменица против екипата на Речица во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит против екипата на Речица која лани имаше тешка сезона, откако успеа со комплетно ново издание во пролетниот дел да се избори и за директен опстанок, откако на полусезона беше фенерџија.
Како и минатата сезона така и во новата сезона екипата која ќе заврши на последното место директно испаѓање во Втора лига, а пак екипата која ќе биде претпоследна односно деветтопласирана во елитата ќе игра бараж за опстанок со второпласираната екипа во Втората лига. Првопласираната екипа која покрај освојувањето на шампионската титула обезбедува „виза“ за настап во квалификациите за Лигата на шампиони.
Александар Ванев, М-Нет