
Второлигашот Арсими за новата сезона претстави две засилувања кои доаѓаат на шестмесечна позајмица од прволигашот Беса. Станува збор за двајцата талентирани играчи Ерсин Шабани и Сокол Исеини.
19-годишниот Шабани е играч кој игра на позицијата крилен напаѓач, кој имаше одлични натпреварите во дресот на Беса во Втората лига, а претходно успешно ги помина младинските категории во Шкендија. Со доаѓаните на Шабани во Арсими се подига конкуренцијата и квалитетот во нападот на тимот од Чегране.
18-годишниот Исеини е млад, талентиран играч од средниот ред кој доаѓа во Арсими да се развива професионално, а претходно покрај за Беса, ги помина и младинските категории во Ренова.
Арсими натпреварите од новата сезона ќе ги игра на Градскиот стадион во Гостивар, а новата сезона ја започнува на домашен терен против струмичка Беласица.
Александар Ванев, М-Нет