Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот во Србија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, откако при водство на противникот Стефано Д’Агостино од Италија од 1-0 во сетови и 3:2 во гемови во вториот сет го предаде мечот.

Италијанецот на стартот од мечот направи брејк за водство од 1:0, а Србљак успеа да врати и да изедначи, а потоа да поведе со 2:1. Сепак на крај Италијанецот овој сет го заврши со 6:4 во гемови.

Во вториот сет при водство од 3:2 во гемови за Стефано Д’Агостино, македонскиот тенисер го предаде мечот.

Србљак оваа недела направи скок од 36 позиции и сега се наоѓа на 1119-то место на АТП листата со 10 поени, додека Италијанецот во моментот е на 1004-то место.

Александар Ванев, М-Нет