Штипјани и во новата сезона фудбал на Градскиот стадион ќе следат од „старата“ трибина!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Утре започнува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а утре започнува и мисијата на Брегалница за експресно враќање во Првата лига, но гледачите и во новата сезона фудбал ќе следат на „старата“ трибина, бидејќи новата трибина сè уште официјално не е пуштено во употреба.

Во новата сезона нема да има ниту натпревари под рефлектори, бидејќи двата рефлектори од страната на новата трибина се надвор од функција односно истите се демонтирани, а истите ќе биде ставени во функција кога ќе биде готова новата трибина.

Во новата сезона ќе се наплаќаат билети за натпреварите на Брегалница.

Брегалница новата сезона ја отвара на домашен терен против прилепска Победа, а овој меч ќе може да го следите во живо на телевизија М Нет со почеток од 17 часот. Главен судија на натпреварот ќе биде Фатмир Бафто од Охрид.

Александар Ванев, М-Нет