
Учебници за сите одделенија ќе има изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во моментот стотици илјади учебници се печатат, одреден број од нив се дистрибуирани а останатите допрва чекаат да се дистрибуираат што значи дека потешкотиите со кои се соочува учениците, годинава е решен
„Учебници ќе има огормен број на учебници значи стотици илјади учебници во моментот се печатат. Дел се дистрибуирани, дел ќе почне дистрибуцијата во моментот кога тие ќе излезат од печат. Значи учебници ќе има за сите одделенија нагласувам како и многу години наназад за жал не по моја вина затоа што постапката е сѐ уште во одредени процедури“ вели Јаневска
Од друга страна пак се појавува нов проблем со учебниците за странски јазици бидејќи годинава ќе нема, министерката смета дека децата можат да ги учат јазиците од сериите, додека совладувањето на граматиката не би претствавувало никаква препрека за во иднина
„ Нема да има учебници за странски јазици, но, учебници за странски јазици ќе има догодина и нема да има печатен значи хартиен материјал за јазиците на заедниците кои ќе бидат објавени на веб страната на Бирото за образование а бидејќи ќе станува збор за јазик наставниците користејќи ги тие материјали ќе можат да им предаваат на учениците а доколку има потреба жив е јазикот знаете децата и од сериите почнуваат да го учат. Поентата е да разбираат и да зборуваат а не граматика на страниот за нив јазик именки, заменки и така натаму„ посочи Јаневска
Наставниците користејќи ги материјалите же можат да им предаваат на учениците кои се објавени на веб страната на Бирото за образование. Министерката посочува дека најважно е децата да знаат да го зборуваат и да го разбираат јазикот.
Лаура Стојанова, М-Нет