Брера и Вардар во Струмица на „Благој Истатов“ под рефлектори!

Викендот стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а тоа што можеби за гледачите е важно е дека Брера Струмица натпреварот со Вардар ќе го одигра во ноќен термин, во недела од 20 часот.

Конечно одлична и добра вест за љубителите на фудбалот, за навивачите и за сите кои сакаат да проследат добар фудбал под рефлектори.

За македонскиот фудбал ова може да се смета како голема сензација, бидејќи натпреварите кои биле одиграни под рефлектори се бројат на прсти, но се надеваме дека ова ќе стане пракса и во иднина ќе има редовно натпревари под рефлектори.

Во соседството редовно во секое коло се играат натпревари под рефлектори, а кај нас ретко кога може да се виде добар фудбал под рефлектори.

Во минатото доста ја актуелизиравме оваа тема за која разговаравме и во спортскиот магазин „Трибина“ на М Нет, а потребата од натпревари под рефлектори има повеќе предности, како за публиката, така и за самите играчи.

В недела од 20 часот Брера Струмица против Вардар, под рефлектори на „Благој Истатов“ во Струмица.

Александар Ванев, М-Нет