Големи резултати за штипските пливачи Георгиев, Наумова и Димитровска на Илиденскиот пливачки маратон во Охридското Езеро

Штипскиот пливачки клуб Челични од Штип со тројца членови настапи на 45. издание на традиционалниот Илиденски маратон, кој се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Во конкуренција од шеесетина пливачи од Македонија и странство се пливаше на патека во должина од два и пол километри на потегот од плажата „Горица 1“ до кејот на Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање, а натпреварувачите беа поделени во машка и женска конкуренција и секоја во две категории односно мажи и жени од 8 до 15 години и мажи и жени постари од 16 години.

Штипскиот клуб Челични настапи со Методи Георгиев кој го освои шестото место во конкуренција мажи постари од 16 години, како и Ивона Наумова која го освои петтото место во категорија жени постари од 16 години, а во оваа конкуренција Сара Димитровска заврши на 11. место.

Маратонот годинава се одржа во организација на охридскиот клуб за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ под покровителство на Советот на општина Охрид.

Александар Ванев, М-Нет