Со тешки повреди и последици некогашните рудари денес во сеќавање за работата во рудниците во државата

Рударството е главна стопанска гранка за Македонија и затоа има многувековна традиција уште од Римското време, па до денес. Рударството во Македонска Каменица е едено од попознатите во државата, зад кое се крие многу богатства, а преку него поминале многу генерации од постоењето до денес. Оваа работа е тешка и макотрпна велат старите рудари на општината и велат дека една од поризичните.

“Тешко, рударството е тешко во четири часот станувавме наутро, а во четири се враќавме. Рударство, со бушење и се беше рачно. Рударската работа, никогаш не е платена, колку и да е, сепак не е платена, тоа е неценета работа.

“Тешко, постојано трета смена, а немаше голема заработувачка после 90 тите години. Претходно беше подобро, додека беше државно, додека подоцна приватизација. Треба 1000 евра пензија, за да биде добро“

Покрај целата заработувачка, оваа работа кај некој предизвикала и шетата, па велат дека некогаш биле добро здравствено заштитени.

“Беше добро некако, ама имав тешка повреда и морам да напуштам. Имавме доктори што лечеа, а сега нема и од нтоа ништо.

Никој не ни обрќа внимание, не не посетуваат воопшто, имам апотирано нога, а никој не те гледа. Повредата ми е од рударството настаната.

Моментално работата е полесна со помош на машинската технологија, па затоа и процесот е по лесен. Младите во однос на ситуацијата, денес заработуваат доволно, но според тежината и ризокот на оваа работа е сепак недоволно

„Така слушам некаде дека, околу 1000, 1500 евра плата зимале. Сега е се машинско, ама е по загушливо, се е со нафта, бидејќи машините се на нафта, а воздухот по загаден.

“Нема дека да работат, не е исплатливо, ама немаат каде да работат. Донесоа сега фирми од секаде од Штип, Делчево, од Скопје фирми.

Рударството претставува единствената и најзначајна дејност, која со основни суровини за производство ги снабдува индустријата, градежништвото и други стопански гранки и затоа е од голема важност за целата држава

Лаура Стојанова, М-Нет