
Општина Могила во многу наврати потврди дека живее за спортот и знае како да организација спортски настани на кои секогаш има огромен број на публика.
Последен таков спортски настан беше турнирот во мал фудбал во Могила, каде се потврди интересот за учество на истиот, а публиката ја направи атмосферата одлична.
Освојувач на „Турнирот Могила 2024“ беше екипата на Демир Хисар, на второто место заврши Могила, a на трето место екипата на Сливница.
Најдобар голман на турнирот беше Валентино Петревски од екипата на Демир Хисар, а пак за најдобар играч беше прогласен Филип Бучински од екипата на Могила.
Претходно, како што информираше телевизија М Нет, во рамки на Општинската Б лига во Битола односно петта лига, се одигра натпревар пред повеќе од 1.000 гледачи, каде екипата на Могила се покажа како одличен организатор на истиот овој натпревар, а во рамки на дербито со екипата на Баир Кркардаш. Со што уште еднаш се потврдува дека Могила живее за спортот, го сака спортот и организира спортски настани од каде треба многу да се учи за организацијата.
Александар Ванев, М-Нет