Тиквеш со „петарда“ за Вардар Неготино, реми на тестовите во Велес и Богданци

Денес беа одиграни неколку пријателски натпревари преку кои прволигашите, второлигаши и третолигашите ја темпираат формата за новата сезона.

На Градскиот стадион во Кавадарци прволигашот Тиквеш со 5:1 го декласираше Вардар од Неготино, каде сосема очекувано беше да доминира Тиквеш, а притоа претерени им дадоа шанса на фудбалерите со кои располагаат во моментот.

Тасев постигна еден гол, а по два гола за Тиквеш постигнаа Ѓорѓиев и Спахиу, додека пак за второлигашот од Неготино единствен стрелец беше Ахмети.

На Градскиот стадион во Богданци реми без погодоци (0:0) одиграа новиот второлигаш Вардарски и Слога од Виница, двете екипи кои минатата сезона водеа голема борба за првото место и баражот за Втора лига, каде шампион стана Вардарски и преку баражот после 27 години се врати во Втора лига.

Во последните минути од натпреварот во Богданци, беше досуден пенал за Вардарски, но Драган Мишовски го одбрани ударот од белата точка.

Борец и Детонит Плачковица ремизираа во Велес откако одиграа 2:2. За велешани двоен стрелец беше голгетерот Јосиф Манасиев, а пак за радовишани новото засилување Таипи и капитенот Настевски.

Александар Ванев, М-Нет