Несовесното однесување и уништување на предмети низ улиците честа појава, колку денес има култура?

Искршени клупи, чешми, детски реквизити, јавни тоалети и урбана опрема беше честа слика во минатото низ градот под Исарот. Во досегашните проекти беше поставена и обновена нова опрема од страна на надлежните, но сепак нецивилизирани луѓе знаат да нарушат дел од ваквите предмети. Ова се должи на несовесно однесување од страна на помлада популација, а постарите велат дека често бараат клупа за да зедат малку воздух и одмор.

“ Што убаво градоначалникот става плочки насекаде, во леваците што убаво игралиште, направено и за сенка, се кршат. Епа зошто го прават, од чиста мира. Младите го прават, а дедовците сакаат да седнат на клупа. Цела ноќ се движат, а потоа цела ден спијат. Нецивилизација, не култура, се може да се каже. Нешто чуваат, а друго нешто не. Па цивилизирана е младината, како не е.“ – изјавиа штипјани

Потребна е контрола, но и построги казни за да се воспостави ред, исто како користењето на паркинг службата во градот, велат граѓаните пред камерите на М-Нет и едногласно додаваат дека само така може да се намали ваквата ситуација.

“Да се пушти некој, да се види кој е тој што фрла, нека го казнуваат и другиот пат нема да прави така. Тоа е точно дека од дома луѓето се такви, невоспитание никакво е тоа е тоа. Малку контрола треба да се врши, за да може да седне некој од постарите. Ако си има човек, исто како за колите што е за паркинг и контрола да врши, ќе се намали штетата. Камерите исто може за да се види кое е и што е.” – додаваат штипјани

Во целата ситуација, доколку граѓаните заблежат несоодветно хулигантско однесување, можат да пријават во соодветните служби, со цел да се спречи однесувањето, но и уништувањето, по што за ваквите лица има санкции и надомест на штетата.

Лаура Стојанова, М-Нет