
Повратниците во Втората македонска фудбалска лига екипите на Вардарски од Богданци и Борец од Велес започнаа со продажба на сезонски билети, преку кои клубовите ќе ги полнат клупските буџети за новата натпреварувачка сезона 2024/2025.
Вардарски после долги 27 години одново ќе игра во Втората македонска фудбалска лига, градот од јужниот дел од Македонија одново ќе може да следи второлигашки фудбал. Вардарски има настапувано и во Првата македонска фудбалска лига, во првата сезона од фудбалската елита на Македонија.
Вардарски веќе ги пушти во продажба сезонските билети за новата сезона по цена од 1.500 денари.
За новата сезона сезонските билети веќе ги пушти и Борец, кој по една година во Трета лига – Југ се враќа експресно во второлигашкото друштво. Сезонскиот билет на Борец за новата сезона се продава по цена од 700 денари.
Покрај прволигашите поголем дел од второлигаши, а дел и од третолигашите продаваат сезонски билети, како една од опции со цел да се соберат финансиски средства во буџетот на клубот.
Александар Ванев, М-Нет