Асфалтирани улици во населба Балканска во Штип, населението ќе добие и нов парк со детски реквизити

Продолжуваат активностите од проектот „Штип без кал“, денес на терен се асфалтирани неколку улици во штипската населба Балканска кои никогаш не биле асфалтирани. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов посочи дека финaнсиската рамка изнесува 1,6 милиони денари, пари од буџетот на Општина Штип. Додава дека во периодот кој следи во населба Балканска ќе се започне и со реализација на парк со детски реквизити.

„Во рамки на проектот „Штип без кал“ продолжуваме со асфалтирање на улици кои што никогаш до сега не биле асфалтирани. Денес сме во населба Балканска. Овде неколку пристапни улици ќе бидат асфалтирани во вкупна вредност од 1,6 милиони денари од буџетот на Општина Штип. За истата населба по завршувањето со овие активности се предвидува и парк со детски реквизити како потреба на овдешното население.“ – изјави Јорданов

Во наредниот период ќе се работи и на асфалтирање на улици во населба Караорман, во село Драгоево и село Долани.

„Во однос на проектот „Штип без кал“ веќе во наредните денови, во текот на утрешниот ден ќе се навлезе со асфалтирање на улици во населба Караорман, во село Драгоево, Долани кои што се предвидени за асфалтирање и секако тековните активности кои што се превземаат во неколку наелби од нашиот град, а се во насока на уредување и урбанизирање на населбите на Општина Штип.“ – додава Јорданов

Сите активности кои се превземаат за реализација се во насока на уредување и урбанизрина на населбите на Општина Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет