
Потресни сведоштва на жителите од Село Селце, кои изминатиот период се соочуваат со голем пожар кој беснее со денови низ планината Серта. Исплашеннни и загрижени се тие и додаваат дека многу е опасно и шумата е речиси изгорена. Доколку ситуацијата продолжи да биде алармантна, тие ќе останат и без пасишта со кои барем малку го прехрануваат добитокот од кои живеат.
“Како не се гледт, се се гледа, ќе не отрујат. Магла да беше, немаше да биде толку густа, колку самиот чад од овој пожар. Па и за селото, не само е опасно за шумата, таа веќе изгоре, но ова е опасно и за селото. Недај Боже адоле ако изгори, ние каде ќе ги пасиме нашите стада, нема каде да се пасат“ велат селаните
Ситуацијата е алрмантна веќе десетина дена, а за гаснењето на пожарот беа вклучени доста против пожарни екипи, полицијата, приватните фирми со кои се стабилизира самата ситуација.
Лаура Стојанова, М-нет