
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 минатата сезона испадна од Суперлигата и ќе се натпреварува во Првата ракометна лига, откако во баражот во Автокоманда загуби од Радовиш, кој пак се врати во ракометната елита на Македонија по една сезона.
Битолчани во новата сезона ќе биде предводен од Александар Зарков, кој се враќа од Јонијас од Грција.
Зарков е наследник на Михаил Петровски, а во новата сезона Еурофарм Пелистер 2 ќе атакува на експресно враќање во ракометната елита на Македонија.
Зарков и во минатото беше во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 како прв тренер, а му беше и асистент на Александар Јовиќ.
Ракометниот клуб Аеродром кој лани настапуваше во Суперлигата, а на полусезона беше исклучен од натпреварувањето за новата сезона се засили со Виктор Панчевски, кој доаѓа од редовите на Алкалоид и игра на позицијата лево крило.
Аеродром претходно се засили со Иво Петровски, Иван Ќурчиев, Стефан Ристоски и Благоја Зафировски.
Александар Ванев, М-Нет|