
Второлигашки пријателски натпревар на Градскиот стадион во Штип меѓу Брегалница и Детонит Плачковица, каде “сините” на Трајче Сенев беа подобри со резултат од 2:1. Брегалница по само две минути игра дојде до водство со голот на Галевски. По брзиот гол следуваа неколку можности за креирање на посериозни шанси имаше и на две страни.
Во 11. минута од мечот со атрактивен гол Анџело Николовски израмни на 1:1, погодок кој беше поздрав од публиката на Градски во Штип. Брегалница преку Попоски во 30. минута со одличен гол дојде до ново водство од 2:1, а со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел по неколку изградени шанси имаа и двете екипи, но мрежите мируваа. Тренерите на двете екипи, Трајче Сенев и Иван Варадиновски им дадоа шанса на сите фудбалери со цел да се изротираат и да комбинираат.

Следен тест за Брегалница ќе биде во среда против бугарски Вихрен, а пак Детонит Плачковица исто така во среда ќе се тестира со прволигашот Гостивар на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
Александар Ванев, М-Нет