
Намалувањето на физичката активност, внесувањето на нездрава храна, секојдневните стресови и нервози, се причини за многу несакани последици. Дијабетот е еден од крвните заболувања, кој денес често му се зголемува бројот на пациенти и му се потребни чести прегледи, за да не дојде до несакани последици, вели доктор Драган Јанев и согласен е дека на ваквите лица треба да им се обезбеди соодветна опрема од страна на надлежните
“Дијабетисот представува метаболно заболување, при кое што немаме излачување на инсулин од страна на панкреасот, кој што претставува орган одговорен за оваа функција, со тоа што постојат два типа, тип еден и тип два. Тип еден е инсулински зависен и тој се наоѓа кај децата и кај по младата возраст. Дијабетес тип два најважен фактор е генетиката и таа е наследна болест и има верување во медицината, дека таа прескокнува едно колено“ – вели Јанев
Потребни се сензори за мерење на гликозата, за да се олесни ситуацијата кај овие лица, кој се безконтактни и се ставаат во пределот на рамото, вели Јанев.
„На ниво на Македонија, расте за жал бројката и од научните податоци кој што ги имаме ние, нема некоја зголемена реакција од страна на надлежните служби да на овие лица им се обезбеди соодветната опрема, како што е сензори за мерње на гликозата, кој што се безконтактни. Се ставаат на рамото и мерат доколку гликемискиот индекс падне под 4 или 3,5. – истакна Јанев
Поголемата физичка активност и квалитетна здрава исхрана ќе придонесе намалување на гликозата во крвта и држење на истата во нормалата на границата, како и избегнување на посериозни компликации
“За среќа медицината е напредната до тој степен да имаме ние лекарства, што како матични лекари, што како специјалисти, како во форма на инсулин. Па така да препорачуваме редовно да се вршат невролошки и офтомолошки прегледи, кај овие пациенти, како што и невролошки поради тоа што, самиот дијабет и самото високо ниво на гликоза ги разјадува и нервите по телото. Мојот апел до младите би било да имаме поголема физичка активност, поради тоа што не можеме да го споедуваме квалитетот на храната денес и оној пред 30 години, свесни сме денес што внесуваме. Кај лицата што веќе се дигностицирани со дијабет веднаш да се стават на терапија“ – додава Јанев
Инаку, пиењето доволно вода може да го одржи нивото на гликоза во крвта во здрави граници, а дополнително помага во работата на бубрезите во филтрирањето на вишок шеќер од крвта во урината. Низа од студии укажуваат дека редовното и доволно хидрирање ја рехидрира крвта, го намалува нивото на шеќер и намалува ризик од развивање на дијабет
Лаура Стојанова, М-Нет