Планината гореше, беше страшно – Ибраим сведочи за пожарот на Серта во близина на село Селце

Планината гореше, огнот се поблиску до селото, беше многу страшно – Фидаи Ибраим од село Селце сведочи за вчерашната ноќ. Вели заедно со неговата сопруга биле сведоци на страшниот пожар кој беснее на Серта. Ситуацијата повеќе од алармантна, а чадот вчеравечер се чувствуваше и во Штип. Белите дробови заминуваат во неповрат, а жителите стравуваат за својата безбедност. Дополнително на екстремно високи температури мораа да седат со затворени прозорци и врати.

„Ноќта синоќа со бабичката надвор си бевме, цело време го гледавме огнот. Толку сме исплашени, многу страшно беше. Цело село, па и Драгоево до Штип се беше во магла и чад.“ – вели Ибраим.

Заради пожарот од штипска страна на Серта, и чадот кој се чувствуваше и во Штип, вчеравечер се одржа кризен штаб во просториите на општината. Градоначалникот заеднички со надлежните институции, одлучуваа за побрзо гасење на пожарот кој неколку дена гори на Серта.

Лаура Стојанова М-Нет