Како фудбалерот Дарко Алексовски го добил надимакот Пеле?

Штипскиот фудбалер Дарко Алексовски кој настапува за второлигашот Каменица Саса во својата кариера има настапувано и за екипите од Првата лига, меѓутоа и во странство.

Интересно е тоа што Алексовски е познат како Пеле, а во гостувањето во спортскиот магазин „Трибина“ на М Нет телевизија, 33-годишникот раскажува како го добил надимакот Пеле.

Алексовски во својата кариера има настапувано за Силекс, Кит Го од Пехчево, Каменица Саса, Детонит Плачковица, Вардар од Неготино и Баби од Штип на домашната сцена, а настапуваше и во Босна и Херцеговина.

Александар Ванев, М-Нет