
Акцијашите од акцијашкото здружение „Пат на младоста“ од Штип заедно со акцијашите од Велес, Куманово, Скопје, Битола утре ќе земат учество на меѓунардоната младинска акција во Нови Пазар. Главно помладите акцијаши заедно со ветераните ќе се вклучат во уредување на просторот на езерото и плажата. Присутни ќе бидат и акцијашки здруженија од поранешни југословенски републики
„ Ќе учествува на сојузот на меѓународната акција младинска акција во Нови Пазар каде ќе земат учество околу 130 акцијаши од сите поранешни југословенски републики па и надвор од Југославија и ќе се обавуваат работни активности околу езерото во Нови Пазар, вештачко езеро каде ќе има активности во уредување на просторот во езерото и плажата“ изјави Кангалов
Најавена е програма која нуди рекреација и запознавање на нови луѓе. Целта е да им се покаже на младите дека освен дигиталниот свет постојат и поубави настани каде ќе имаат можност да стекнат искуства и да научат нови работи од ветераните.
„Социјализацијата на овие млади луѓе би била на повисоко ниво бидејќи таму ќе има деца и од Турција и од поранешните југословнески републики тие ќе можат да се дружат. Целта не е само работа него целта е дружабата за да можеме да собереме повеќе пријатели“ вели Тасев
За помладите ова е уште еден мотив плус и другите да ги мотивираат и да станат дел од ова друштво каде понатаму ќе остваруваат пријателства кои ќе траат.
„Во нашето училиште да, има можности за да се вклучиме во волонтерски работи, до душа секако додека учениците сакаат.“ вели Митев
„Помагаме на другите, се дружиме затоа е убавг и затоа јас станав волонтер„ вели Тасева
Благодарејќи на ваквите акции, помладите акцијаши стекнуваат нови вештини, и се спријателуваат со останатите од другите здруженија од другите земји.
Лаура Стојанова, М-Нет